Top Sport

Де Брујне призна: Може да заминам од Сити ако не играме ЛШ

Ѕвездата на Манчестер сити, Кевин де Брујне најави дека може да замине од клубот доколку се потврди нивната двегодишна суспензија од Лигата на шампионите.

УЕФА во февруари објави дека Сити ќе бидат исклучени од европските натпреварувања во 2020/21 и 2021/22 поради сериозни прекршувања на финансискиот фер-плеј, и добија казна од 30 милиони евра за лажење на сумите кои наводно ги добивале од спонзорите, а всушност се префрлале од богатите сопственици.

Клубот се жали на одлуката, и Белгиецот вели дека ќе биде тешко да се остане на „Етихад“ без европски предизвик.

„Клубот ни кажа дека ќе се жали на одлуката и тие се 100 отсто сигурни дека се во право. Имам доверба во нив, ако тие велат дека е така, нема причина да не им верувам. Ќе виидиме што ќе се случи. Две години без Лига на шампиони се долг период. Една година е нешто со што би можел да се справам“, изјави Де Брујне за белгискиот весник „Хет ласте ниувс“.

Според „ЕСПН“, менаџерот Пеп Гвардиола бил загрижен дека дел од неговите фудбалери би сакале да заминат ако не играат во Лигата на шампиони. Во четирите години под Гвардиола, тој не успеа да ги однесе подалеку од четврт-финале.

Scroll to Top