Манчестер Сити стигна до минимален триумф (0-1) на гости против Лестер и се искачи на првото место на табелата во Премиерлигата со 29 бода, еден повеќе од Арсенал кој утре го игра дуелот од ова коло.
Пеп Гвардиола го немаше на располагање Ерлинг Халанд, но проблемите ги разреши Кевин де Брујне со фантастичен гол од слободен удар.
Во 49.минута тој погоди во горниот десен агол од голот на Лестер и донесе предност која „граѓаните“ ја сочуваа до крајот.
Лестер се наоѓа на 17. позиција на табелата со 11 бода.