Top Sport

Де Брујне за Фоден: Може да испише историја во следните 15 години

Ѕвездата на Манчестер сити, Кевин Де Брујне (32) го пофали соиграчот, офанзивниот играч за врска Фил Фоден (23). Во интервју за „Телефут“, Белгиецот вели дека „Фоден е еден од најголемите таленти со кои сум играл.

Фоден е производ на академијата на Сити, стандарден е во првиот тим кај Пеп Гвардиола, а во меѓувреме стана и репрезентативец на Англија.

„Тој може да испише историја на фудбалот во следните 15 години“, изјави Де Брујне.

Тековната сезона е најдобрата во кариерата на Фоден. На 45 натпревари постигна 22 гола и додаде десет асистенции, додека за клубот од Манчестер одигра вкупно 262 натпревари на кои постигна 82 голови и 51 асистенција.

„Трансфермаркт“, неговата вредност ја проценува на 130 милиони евра.

Ова не е прв пат Де Брујне да зборува за талентот на Фоден. Истото го направи и на почетокот на април по победата на Сити над Кристал Палас (4:2) во 32. коло од Премиер лигата.

“Фил беше неверојатен цела сезона. Фил и јас сме соиграчи седум години, така што повеќе не го гледам како млад човек, туку како искусен играч. Тој се докажа како суперѕвезда во нашиот тим. Тој е со нас долго време и едноставно е фантастичен”.

Scroll to Top