Фудбалерите на Манчестер сити работеле само 15 минути на својата тактика со која го „уништија“ градскиот сосед Манчестер јунајтед со 3:1 во првото полуфинале од Карабао купот, тврди Кевин де Брујне.
Сити имаа доминантно прво полувреме во кое го „уништија“ Јунајтед со своето движење и додавање, откако Пеп Гвардиола необично го стартуваше мечот без напаѓач, оставајќи ги Серхио Агуеро и Габриел Жесус на клупата, а ги користеше Де Брујне и Бернардо Силва како „лажни деветки“ префрлувајќи ја играта од средниот ред во нападот.
„Поминавме 15 минути работејќи на таа тактика и тоа беше сè. Во понеделникот не го трениравме тоа. Но, го имавме направено во минатото против тимови кои сакаат да играат човек-против-човек: Јунајтед, Кардиф и мислам Барселона. Знаевме кои се нивните сили и затоа грешки не беа дозволени, посебно на контри“, вели Де Брујне.
Ова беше брутален одговор на поразот од Јунајтед на „Етихад“ пред еден месец, кога брзите Маркус Рашфорд и Антони Марсијал им направија многу проблеми.