Top Sport

Де Бур има најлош старт од сите холандски селектори

Откако Роналд Куман го напушти кормилото на фудбалската репрезентација на Холандија, националнот сојуз на неговото место го назначи Франк де Бур. Три месеци подоцна, поранешноот репрезентативец, стана првиот селектор во историјата на Холандија кој не успеал да победи во првите четири натпревари.

Де Бур дебитираше, во октомври, против Мексико. Мексиканците победија во Холандија со 1:0. Потоа Холандија два пати ремизираше во Лигата на нации, против Босна и Херцеговина (0:0) и Италија (1:1), а лошата низа новиот селектор ја продолжи и синоќа против Шпанија. Холандија и Шпанија одигра контролен меч во Амстердам (1:1).

Холандија, по четири одиграни натпревари, во Групата 1, се наоѓа на третото место на табелата со пет поени, два помалку од Полска и еден од Италија.

Scroll to Top