Top Sport

Де Бур: Мурињо потроши една милијарда, а игра ваков фудбал

Жозе Мурињо синоќа не успеа да ја елиминира Севилја во осмина-финалетов о Лигата на шампионите. Екипата од Андалузија го шокира „Олд Трафорд“ и со головите на Бен једер победи 2:1.

Елиминацијата на Манчестер Јунајтед како „пенал“ му дојде на холандскиот стратег Франк Де Бур, кој изминатите денови преку медиумите војуваше со Мурињо.

Кавгата започна кога Де Бур рекол дека Маркус рашфорд не може да напредува бидејќи не настапува во континуитет кај Мурњо.

Португаецот му одговори „дека најлошиот тренер во историјата на Премиерлигата не треба да му се меша во работата“.

Одговорот на Мурињо беше понижувачки, а Де Бур бргу доби можност да му одговори. Откако Јунајтед испадна од Севилја, Холанѓанецот кратко искоментира.

„Можеби сум најлошит тренер во светот, но Мурињо потроши една милијарда на својот тим, а игра ваков фудбал“.

Scroll to Top