Top Sport

Дрогба се повлекува по завршувањето на сезоната

Некогашниот голгетер на Челси, Дидие Дрогба, изјавил дека кариерата ќе ја заврши во дресот на Феникс Рајзинг, по завршувањето на сезоната.

Напаѓачот од Брегот на Слонова коска, во два мандати мина една деценија во Челси и успеа да осви по четири титутли во премиер лигата и ФА купот и една во Лигата на шампионите.

Неодамна тој го прослави 40. роденден.

„Уживам додека играм. Задоволен со улогата на сопственик и фудбалер. Убаво е што сум опкружен со млади фудбалери на кои можам да им пренесам дел од моето искуство. Но, неодамна наполнив 40 години и ова е ќе биде последната сезона за мене“, рекол Дрогба за „Телефут“.

Најуспешниот дел од кариерата Дрогба го мина во Челси, а бил играч и на Ле Ман, Генган, Олимпик Марсеј, Шангај, Галатасарај. Во САД е од 2015 година.

За репрезентацијата на Брегот на Слонова коска има постигнато рекордни 65 гола на 104 одиграни натпревари.

Scroll to Top