Top Sport

Де Бур се надева дека Ван Дајк ќе игра за Холандија на ЕП

Холандскиот селектор Френк де Бур се надева дека дефанзивецот на Ливерпул, Виргил ван Дајк ќе одлучи да игра на Европското првенство ова лето, каде што Холанѓаните се во нашата група со Австрија и со Украина.

Сезоната на Ван Дајк беше прекратена на 17 октомври по бруталниот старт на голманот на Евертон Џордан Пикфорд, кога ги скина лигаментите во коленото, но сега по операцијата и периодот на рехабилитација, тој почна со лесни тренинзи. Де Бур вели дека нема да го „притиска“, но дека очекува одлука.

„Мислам дека тој самиот треба да одлучи, бидејќи се работи за негова кариера. Можам да замислам дека тоа е голема дилема за него. Дали значи нешто за ‘оранје’? Секако, кој не би го сакал во својот тим“, вели Де Бур.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изјави дека сака Ван Дајк да игра на ЕП, но не верува дека постојат шанси за тоа.

„Се работи за колено, не сакам да го заддржувам, но при таква повреда не може да избрзувате. Кога се подготвувате за турнир, потребни ви се тренинзи, мечеви, а не веднаш на терен по 10 месеци во аут. Никој не го заддржува, тоа им го ветувам на сите Холанѓани“, вели Клоп.

Scroll to Top