Холандскиот фудбалски стручњак, Франк де Бур уште нема ангажман по отпуштањето од Кристал Палас, но реши да се осврне на ситуацијата во Интер, каде што беше тренер неверојатни 85 дена.
Де Бур својата тренерска кариера ја почна како тренер на јуниорските категории во Ајакс, пред шест години да го предводи главниот тим, по што во 2016 ја прифати понудата од Интер. Тој доби отказ пред почетокот на сезоната и покрај тоа што ги одработи подготовките со клубот и на негово место дојде Роберто Манчини.
Де Бур сега, гледајќи ги Интер повторно во криза, вели дека работата на Лучано Спалети воопшто не е лесна.
„Имав многу компликувана ситуација во Италија, бидејќи не зборував италијански, а играчите не сакаа да ги усвојат моите идеи. Таму сè е поинаку – имате шест-седум фудбалери кои го прават костурот на тимот, а другите се обидуваат да ги исфрлат од тимот. Беше хаотично, бидејќи фудбалерите на Интер прават тоа што го сакаат. Се обидов да ја променам нивната игра, но не успеав. Полесно ми беше со децата во Ајакс“, вели Де Бур.