Top Sport

Де Ѕерби го исфрли Тросар од тимот, неговиот агент вели дека трансфер е најдобро решение

Новиот менаџер на Брајтон, Роберто де Ѕерби почна да воведува дисциплина во неговиот тим, откако го исфрли Леандро Тросар од својот тим за мечот со Ливерпул, порачувајќи му дека нема да биде ел од тимот додека не се навикне на постојаната работа.

43-годишниот Италијанец го замени Греем Потер на клупата на Брајтон, откако тој замина во Челси, и во шест меча во Премиерлигата има четири победи и две ремија.

„Леандро го знае моето мислење. На последниот тренинг пред мечот со Мидлзборо, кога дозна дека нема да игра, си замина од тренингот без да извести некого. Во понеделникот му објаснив дека не ми се допаѓа такво однесување. Знае дека ако сака да игра во Брајтон под мене, треба да работи напорно, да се однесува как што треба, бидејќи ние не сме Реал Мадрид или Барселона. Ние сме Брајтон и потребни ни се играчи кои работат исто како и другите. Не знам дали сака трансфер, тоа не е мој проблем, јас сум само тренер и ќе ги одлучувам 11-те кои ќе бидат стартери. Тие ќе треба да играат за тимот, да работат и да трчат на теренот“, вели Де Ѕерби.

Агентите на Белгиецот се јавија со соопштение во кое тврдат дека Де Ѕерби го „посрамотил“ пред целиот тим на понеделничкиот тренинг и дека најдобро решение за сите би бил трансфер.

Scroll to Top