Top Sport

Конте пред дербито на северен Лондон: Артета и Арсенал да не вршат притисок на судиите

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте вели дека ги „мрази“ тимовие кои се обидуваат да ги застрашат судиите и го предупреди Арсенал да ги почитуваат официјалните лица во неделното дерби на северен Лондон.

Предупредувањето доаѓа откако против Арсенал беше поднесена дисциплинска постапка за „недоволна контрола на своите фудбалери“ во последните два меча, по инцидентите во ремито со Њукасл од Премиерлигата и понеделничката победа во ФА купот против Оксфорд сити. Менаџерот Микел Артета не доби лична постапка, но беше на удар на критичарите откако врескаше во лицето на четвртиот судија Стјуарт Атвел, по што имаше дуел и со менаџерот на Њукасл, Ед Хау.

Конте вели дека не е загрижен.

„Не, но мислам дека во вака важен натпревар, треба да има најголем респект, нели? Морате да покажете респект во секоја ситуација и посебно кон судиите, бидејќи знаеме колку е тешка нивната работа. Мислам дека не е фер да се застрашува судијата и да креираш лоша атмосфера. Не ми се допаѓа тоа, ги мразам таквите луѓе. Да не заборавиме, зборуваме за фудбалски меч“, вели Конте.

Scroll to Top