Top Sport

Де Фрај и Асамоа пристигнаа во Интер

Фудбалскиот клуб Интер, во понеделникот, ги официјализираше трансферите на Стефан де Фрај од Лацио и Квадво Асамоа од Јувентус. Она што е значајно за Интер е податокот дека двајцата дојдоа како слободни играчи.

Холандскиот дефанзивец, Де Фрај, зад себе има одлична сезона во Лацио. Одигра 47 натпревари во сите конкуренции и постигна седум гола. Де Фрај потпиша договор до 2023 година.

Асамоа е универзалец, кој може да игра на левата бековска позиција, но и во редот за врска. Репрезентативецот на Гана по пет сезони реши да го напушти Јувентус. За „старата дама“ тој одиграл 156 натпревари и постигнал пет гола.

Договорот на Асамоа со Интер важи до 2021 година.

Претходно Интер се засили со Раџа Наинголан и Матео Политано.

Scroll to Top