Top Sport

Вавринка го елиминира Димитров

Стан Вавринка го доби дерби дуелот, во првото коло во Вимблдон, против Бугаринот Григор Димитров. Швајцарецот славеше во четири сета по речиси три часа игра.

Вавринка кој оваа година се врати на тениските терени, по долгата пауза поради повреда, убедливо го загуби првиот сет со 1:6, но потоа заигра многу подобро и успеа да го изненади шестиот носител на најпрестижниот турнир во светот на тенисот.

Вавринка успеа да направи пресврт, откако вториот и третиот сет ги доби во тај-брејк, вториот го доби со 7:3, а третиот со 7:5.

Во четвртиот сет на Швајцарецот му беше доволен еден брејк за да го добие мечот. Вавринка му го одзеде сервисот на Димитров во десеттиот гем, користејќи ја втората меч топка.

Противник на Вавринка во второто коло ќе му биде Томас Фабијано, кој со 3:1 го доби дуелот против Јуки Бамбри.

Scroll to Top