Top Sport

Де Хеа е подготвен да му биде резерва на Ноер

По 12 години на „Олд Трафорд“, шпанскиот голман Давид де Хеа (32) моментално е без клуб. Интер сакаше да го доведе неодамна, но шпанскиот голман ја одби понудата да брани за годишна плата од 5.000.000 евра. Де Хеа од новиот клуб очекува меѓу девет и десет милиони евра годишно.

Германски „Билд“ објави, а сите англиски медиуми пренесоа дека Баерн сериозно размислува да го доведе Шпанецот.

Имено, Мануел Нојер (37) моментално се рехабилитира откако ја скрши ногата, а неговото привремено решение Јан Зомер, кој бранеше во втората половина од минатата сезона, нема намера да биде втор голман.

Додека Ноер не се рехабилитира целосно Баерн останува само со еден голман, Свен Улрајх.

„Билд“, пишува дека Баерн сака да доведе искусен Шпанец, кој би бил прв голман додека не закрепне славниот Германец, а потоа би му бил резервна на Нојер. Сепак, бидејќи германскиот репрезентативец има 37 години, Баерн долгорочно смета на Де Хеа.

Scroll to Top