Top Sport

Шахтјор не се даде, Фред ја „стресе“ Рома (видео)

Во многу поинтересен меч од тој меѓу Севилја и Манчестер јунајтед, Шахтјор Доњецк успеа да стигне до победа со пресврт од 2:1 над Рома за да патува со минимална предност во Италија за реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Рома имаше повеќе од играта во првото полувреме, што го круниса со голот на Џенгиз Ундер во 41. минута, но одговорот на домаќините беше импресивен во второто полувреме.

Факундо Фереира постигна одличен гол во 52. минута, по што Фред, Бразилецот кој подолго време е на „радарот“ на Манчестер сити, во 71. минута имаше фантастичен гол од слободен удар.

Формата на Рома „падна“ во второто полувреме, но на крајот можат да се среќни што си одат дома со еден гол разлика, бидејќи во финишот на натпреварот Шахтјор имаа фантастична можност за зголемување на 3:1. Сепак, тимот на Еузебио ди Франческо на 13 март ќе биде фаворит на „Олимпико“.

Scroll to Top