Top Sport

Де Хеа има 130 милиони причини да остане во Јунајтед

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа, ќе потпише нов шест годишен договор со клубот од „Олд Трафорд“. Новиот договор на шпанскиот голман ќе му донесе 130 милиони евра, тврдат англиските медиуми.

Давид Де Хеа ќе остане во Манчестер Јунајтед и ќе биде најплатениот голман во светот. Шпанецот од клубот ќе добие 420.000 евра неделна плата, односно за шест години тој ќе заработи 130 милиони евра.

Челниците на Јунајтед успешно ја завршија работата со Де Хеа, со кого преговараа речиси една година околу новиот договор.

Кога го решија ова прашање тие сега ќе треба да ја решат судбината на Пол Погба, но и на Ромелу Лукаку и да поработат на засилување на тимот. Новата сезона во Премиер лигата започнува на 9 август.

Scroll to Top