Мани Пакјао, легендарниот боксер од Филипините, на 40 година возраст успеа повторно да стене светски првак во велтер категорија (до 66,7 килограми).

Во борбата за титулата во верзијата на ВБА, Пакјао, успеа да го победи Кит Турман. Борбата во Лас Вегас, Филипинецот ја доби на поени. Еден судија му дал предност на Турман 114-113, а двајца бодувале за Пакјао 115-112.

„Тој е добар борец, цврст и силен боксер. Пре мечот провоцираше, но таков е неговиот стил. Тој само се обидуваше да ја промовира борбата на најдобар начин“, рекол Пакјао и дополнил дека повеќе нема да се бори во 2019 година, бидејќи мора да се насочи кон својата работа. Легендарноот боксер е сенатор во својата држава.

По оваа борба скоро на Пакјао во кариерата изнесува 71 победа (39 со нокаут), седум порази и две нерешени. Од друга страна Турман го забележа првиот пораз по 30 борби.