Top Sport

Де Хеа ќе добие 445.000 евра неделна плата

Манчестер Јунајтед му нудат вистинско богатство на Давид Де Хеа, во обид да го убедат да остане на „Олд Трафорд“.

Клубот на Шпанецот, кој во ноември наполни 28 години, му понудил нов четри годишен договор. Доколку го продолжи договорот, Де Хеа ќе добие годишна плата каква што нема ниту еден голман во светот.

Англиските медиуми, во петокот, објавија дека Јунајтед му понудиле на Де Хеа неделна плата од 445.000 евра. Оваа сума на годишно ниво изнесува 23 милиони евра.

Шпанскиот репрезентативец најверојатно ќе ја прифати понудата, иако за него голем интерес покажуваат Пари Сен Жермен. Наводно, челниците на францускиот првак, биле подготвени да платат 67 милиони евра за неговиот трансфер.

Неодамна и менаџерот Жозе Мурињо изјавил дека клубот ќе направи се за да го задржи Де Хеа во клубот.

Scroll to Top