Давид де Хеа ќе го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед, пишуваат англиските медиуми. Шпанскиот голман со новиот договор ќе стане деветтиот најплатен играч во светот на фудбалот.
Актуелниот договор на Де Хеа со Манчестер Јунајтед истекува за 18 месеци, бидејќи интересот за голманот кај конкурентите е голем, Јунјетд решиле да му понудат нов договор.
Де Хеа ќе потпише договор на пет години и ќе заработи 100 милиони фунти. Неделната плата на Шпанецот ќе изнесува 400.000 фунти. Голманот ќе стигне до деветтото место на листата на најплатени фудбалери.
Интересно од доаѓањето на новиот тренер, Оле Гунар Солскјер, Де Хеа е четвртиот фудбалер што се согласил да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед.
Денес договорот до 2023 година го продолжи Фил Џоунс, а претходно тоа го направија Ентони Марсијал и Крис Смолинг.
Де Хеа потекнува од младинската школа на Атлетико Мадрид откаде во 2011 година се пресели во Манчестер Јунајтед.