Најдобриот или еден од тројцата најдобри голмани во светот Давид де Хеа (27) на МанчестерЈунајтед му ги соопштил условите под кои би го продолжил договорот и би останал и во иднина на „Олд Трафорд“.
Шпанскиот репрезентативец веќе две години е прва желба на мадридски Реал, а како што објавија англиските медиуми тој би останал во Манчестер само доколку добире неделна плата од 350.000 фунти. Ова значи дека шпанскиот голман годишно би заработувал 18 милиони фунти, со тшо тој би станал најплатен голман во светот и еден од најплатените фудбалери воопшто.
Ова е значително поголема сума од она што претходно се шпекулираше, односно дека Јунајтед на Де Хеа ќе му понуди неделна плата од 220.000 фунти.