Top Sport

Де Хеа на крајот „бесплатно“ во ПСЖ?

Давид де Хеа ќе стане голман на Пари Сен-Жермен следното лето и ќе го направи тоа бесплатно, тврди британскиот таблоид „Дејли мејл“.

28-годишниот Шпанец го одложува потписот на нов договор со клубот од „Олд Трафорд“ откако добил понуда со плата од 300.000 фунти неделно во францускиот мега-клуб, кој од друга страна планира да го продаде Нејмар на Реал Мадрид и да го гради новиот тим околу Килијан Мбапе, тврди весникот.

Де Хеа би заработувал околу 15.5 милиони фунти годишно со францускиот гигант, а бидејќи ќе потпише договор на четири години ќе заработи околу 60 милиони фунти.

Губењето на Де Хеа ќе биде уште еден удар за Жозе Мурињо и Јунајтед, кои уште еднаш разочараа на теренот откако во саботата одиграа 0:0 со Кристал палас и во моментов се на седмото место во Премиер лигата. ПСЖ минатото лето потпиша договор со 40-годишниот ветеран Џанлуиџи Буфон на сам оедна година.

Фото: ЕПА

Scroll to Top