Top Sport

Голден Стејт со драматична победа над Сакраменто (видео)

Клеј Томпсон својот меч со 31 поен го круниса со поени на 5.8 секунди пред крајот за на НБА шампионот Голден Стејт вориорс да им донесе 117:116 победа над калифорниските ривали Сакраменто кингс.

Кевин Дурент имаше 44 поени, од кои 17 во последната четвртина за да помогне Вориорс да ги совладаат Кингс и да стигнат до втората домашна победа во две вечери, откако претходно имаа четири порази во низа.

Кингс водеа со 116:115, кога Дурент утна еден обид на 20 секунди, но Андре Игудала доби офанзивен скок, пред Томпсон да се обиде и да биде изблокиран пред во вториот обид да ја положи топката и да обезбеди победа.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Голден Стејт – Сакраменто 117:116

Милвоки – Сан Антонио 135:129

Денвер – Оклахома сити 105:98

Далас – Бостон 113:104

Кливленд – Хјустон 117:108

Вашингтон – Њу Орлеанс 124:114

Минесота – Чикаго 111:96

Scroll to Top