Top Sport

Де Хеа одолковлекувал со потпишувањето на договорот

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа, се уште не го ставил својот потпис на новиот договор. Наводно тој сакал да види и какви потези ќе влече клубот во летниот преоден рок, односно дали Оле Гунар Солскјер ќе остане на менаџерската функција и дали Јунајте ќе состави тим што ќе може да освојува трофеи.

Договорот на Де Хеа со Манчестер Јунајтед истекува ова лето, меѓуто клубот ка активира клаузулата според која договорот автоматски се продолжува за уште една година.

Паралелно со тоа Јунајтед му понудиле нов договор на голманот, со неделна плата од речиси 400.000 фунти.

Сепак, Де Хеа решил да почека со продолжување на договорот. Сакал да се увери дека клубот се враќа на вистинските патеки, а доколку не биде задоволен од новиот клупски проект, тогаш според медиумите во Англија, бил подготвен да ги разгледа понудите на Пари Сен Жермен и Јувентус.

Scroll to Top