Top Sport

Соиграчите спречиле тепачка помеѓу Кепа и Кабаљеро

Голманот на Челси, Кепа Аризабалага, главниот во скандалот што се случи во финишот на финалниот меч во Купот против Манчестер сити, имал „блиска средба“ со голегата Вили Кабаљеро во соблекувалната, по завршувањето на натпреварот.

Кепа, во самиот фини на второто продолжение, одби да биде заменет со Кабаљеро. Планот на менаџерот Маурицио Сари, веројатно бил Аргентинецот да брани во пенал-серијата, меѓутоа Кепа не дозволи измената да биде извршена.Кабаљеро во кариерата има одбранил 11 од 38 пенали.

Англиските медиуми, во средата, излегоа со нова пикантна приказна, дека соиграчите во соблекувалната спречиле Кабаљеро и Кепа физички да се пресметаат.

Откако Аргентинецот му се обратил Кепа, по повод случувањата на теренот, Шпанецот наводно му рекол: „Подобар сум голман од тебе, поради тоа останав на голот“. На овие зборови Кабаљеро полудел, а физичка пресметка спречиле соиграчите.

Откако целиот свет ја виде непослушноста на Кепа, тој и менаџерот Сари се обидоа да ја „спуштат топката“ со изјавите дека инцидентот бил плод на недоразбирање, а голамнот неколку пати им се извини на сите во клубот.

Спак Челси го казнија Кепа со одземање на една плата (225.000 фунти), а Сари веројатно нема да му дозволи да брани вечерва на натпреварот против Тотенхем.

Scroll to Top