Top Sport

„Де Хеа последните 6 месеци е само просечен голман“

Шпанскиот репрезентативен голман, Давид де Хеа се подготвува на нова рунда преговори со Манчестер Јунајтед, а поранешниот голман на Челси, Австралиецот Марк Шварцер го предупредува Шпанецот дека Јунајтед многу лесно би можел да се ослободи од него затоа што неговата вредност е помала од она што се бара.

Шпанскиот голман го чекаат преговори околу евентуално продолжување на договорот со „црвените ѓаволи“ додека се погласни се шпекулациите дека Реал Мадрид и ПСж се заинтересирани за неговите услуги.

Во пролетната полусезона во Премиерлигата Шпанецот имаше потпросечни настапи што само може да им даде неочекуван тек на преговорите.

Шварцер смета дека изведбите на Де Хеа значително паднаа, па тој смета дека челниците на Јунајтед треба да решат дали неговата моментна вредност соодветствува со неговите побарувања.

„Ако се погледнат последните 6 месеци, неговите изведби не беа ниту близу од она што го имаше во минатото. Ако анализирате, многу голови Јунајтед прими баш по грешки на Де Хеа“ – вели Шварцер.

Scroll to Top