Top Sport

Де Хеа пред заминување од Манчестер јунајтед, Гринвуд останува во тимот

Иако се очекуваше дека Давид де Хеа ќе потпише двегодишен договор со Манчестер јунајтед, според „Дејли телеграф“, шпанскиот голман е пред заминување од „Олд Трафорд“ по 12 години, откако не се согласи да ја намали својата плата од над 300.000 фунти неделно.

Официјално, денеска клубот потврди дека седум играчи го напуштаат клубот, вклучувајќи ги Фил Џонс и Аксел Туанзебе, но во составот останува Мејсон Гринвуд иако уште трае внатрешната истрага во клубот по неговите повлечени обвиненија за силување и насилничко однесување.

За Де Хеа, во соопштението на Јунајтд се вели дека „продолжуваат преговорите за потенцијален нов договор“, но англиските медиуми шпекулираат дека „ѓаволите“ веќе се во потрага за нов голман, и покрај ограничениот буџет од 120 милиони фунти за засилувања поради неизвесноста околу продажбата на клубот.

Scroll to Top