Top Sport

Мајкл Џордан по 13 години ги продава Шарлот хорнетс

Мајкл Џордан ја финализира продажбата на Шарлот хорнетс на групација предводена од Гејб Плоткин и Рик Шнал тврди „ЕСПН“, така ставајќи крај на 13-годишното сопствеништво на НБА клубот.

Шнал, кој е малцински сопственик на Атланта хокс, и Плоткин, кој е малцински сопственик на Хорнетс, ќе станат гувернери на тимот откако НБА ќе го комплетира процесот на одобрување. Се очекува Џордан да остане малцински сопственик на тимот.

Шесткратниот НБА шампион, Џордан е единствениот Афроамериканец кој е газда на НБА клуб, откако ги купи Хорнертс во 2010 година. По лошата 27-55 сезона, Хорнетс го имаат вториот пик на НБА драфтот.

Scroll to Top