Шпанскиот голман Давид де Хеа би можел да ја продолжи кариерата во фудбалскиот клуб Ал Етифак од Саудиска Арабија, пишува британски „Сан“.
Де Геа (33) во моментов е слободен играч, откако не го продолжи договорот со Манчестер јунајтед.
Тренер на тимот на Ал Етифак е поранешниот фудбалер на Ливерпул, Стивен Џерард, кој планира да го ангажира Де Хеа.
Британските медиуми пренесуваат дека двете страни се во преговори, а Шпанецот е подготвен да се сврти кон други клубови доколку не се договори со Ал Етифак.
Де Хеа ја одбил понудата на Ал Наср, кој на шпанскиот голман му понудил месечна плата од два милиони евра.
Британските медиуми потсетуваат дека Де Хеа покрај клубови од Саудиска Арабија има понуди и од Атлетико Мадрид, Валенсија, Бетис и неколку екипи од МЛС лигата.