Давид де Хеа е сигурен дека преговорите за нов договор со Манчестер јунајтед ќе завршат „на добар начин“ бидејќи целта му е да ја заврши кариерата а „Олд Трафорд“.
„Ѓаволите“ почнаа со преговорите за продолжување на договорот на голманот, кој трае само до летото, а покрај тоа тука се шпекулациите дека во клубот размислуваат и за нов голман доколку Де Хеа не се согласи на намалување на платата – со 350.000 фунти неделно, тој е најплатениот фудбалер во тимот. Де Хеа е во Јунајтед од 2011 година кога пристигна од Атлетико Мадрид.
„Да, целосно сум опуштен и се фокусирам на тренинзите на моите игри. Сигурен сум дека тоа ќе заврши на добар начин. Се надевам дека ќе можам да ја завршам кариерата тука. Во Манчестер сум многу години и за мене тоа уште претставува чест и ми носи голема среќа“, вели Де Хеа.