Top Sport

Рома и Болоња со прекрасна посвета за Михајловиќ

Пред мечот од 16. коло во италијанската Серија А, на „Стадио Олимпико“ сите беа обединети да му оддадат последна почит на Синиша Михајловиќ, поранешниот тренер на Болоња и играч на Рома.

Србинот ја почна својата кариера во Серија А на тој стадион во 1992 година со „волчицата“, каде што остана две години пред да игра и за Сампдорија, Лацио и Интер. Како тренер, тој двапати беше на клупата на Болоња – во 2008/09 и од јануари 2019 до септември 2022.

Михајловиќ почина од леукемија на 16 декември 2022, над три години откако му беше дијагностицирана болеста.

Scroll to Top