Top Sport

Де Хеа се враќа на „Олд Трафорд“?

Шпанскиот голман Давид де Хеа би можел изненадувачки да се врати на „Олд Трафорд“. Тој ова лето замина по повеќе од една деценија, откако не најде заеднички јазик за да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед.

Тој сѐ уште е слободен агент, а замина затоа што клубот одлучи да го доведе Андре Онана од Интер за 55 милиони евра.

Интересна вест доаѓа од Островот, дека Де Хеа е подготвен да се врати во Манчестер Јунајтед, но само под еден услов. Доколку од Ерик Тен Хаг добие гаранции дека ќе биде прва опција на голманската позиција, а Андре Онана да се пресели на клупата.

Scroll to Top