Френки Де Јонг еден од недопирливите во Барселона, може да го напушти клубот во наредниот преоден рок. Барселона е во финансиска криза, поради што бе размислување би прифатиле понуда од 90 до 100.000.000 евра.
Дека е можно Холанѓанецот да замине од „Ноу Камп“, потврдува и изјавата на неговиот татко, дека пет врвни европски клубови се распрашувале за услугите на Де Јонг.
Таткото веднаш елиминирал два, Баерн Минхен и Манчестер јунајтед.
„Во тие градови климата е лоша. Секако дека во преден план е фудбалот, но кога ќе бирате клуб важна е и климата“, рекол таткото на фудбалерот.
Сепак тој не верува дека неговиот клуб ќе ја напушти Барселона.
„Знам дека на Барселона и се потребни пари и дека клубот може да заработи од неговиот трансфер, но не верувам дека тоа ќе се случи во блиска иднина“.