Top Sport

Де Јонг: Да ја завршам кариерата во Барселона

Еден од најталентираните играчи на својата позиција, Френки Де Јонг, по завршувањето на сезоната ќе го облече дресот на Барселона. Каталонците за 21-годишниот фудбалер платиле 75 милиони евра, а сумата може да стигне и до 86 милиони евра, поради разните бонуси што се вметнати во неговиот договор.

Де Јонг, долго време беше во плановите на Пари Сен Жермен и Манчестер сити, меѓутоа самиот решил кариерата од Ајакс да ја продолжи во Барселона. Не ја крие желбата, иако има само 21 година, кариерата да ја заврши на „Ноу Камп“.

„ПСЖ беше добра опција, но мојот сон беше Барселона. Среќен сум што потпишав пет годишен договор. Доколку успеам во Барселона, веројатно никогаш нема да заминам, исто како што направи Меси“, рекол Де Јонг.

Тој открил дека посакува да го добие бројот 21, во моментов го носи Карлес Алена, а можно е на дресот да му го пишува името, а не презимето.

„Во јули официјално ќе го потпишам договорот, тогаш ќе им се претставам на медиумите и навивачите. Размилсувам на дресот да ми пишува „Френки“. Компанијата „Најки“ го посакува тоа поради маркетингот, но не сум сигурен дека јас го сакам тоа. Бројот 21 е мој, но ќе видиме дали ќе го добијам“, дополнил Де Јонг.

Scroll to Top