Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го чека навистина тешка задача да ги врати „црвените ѓаволи“ на врвот на англискиот фудбал. Сезоната која на тренерската позиција ја започна Оле Гунар Солскјер, а ја заврши Ралф Рангник, Јунајтед ја заврши на шестото место. Наредната сезона „црвените ѓаволи“ ќе играат во Лига Европа.
Челниците на тимот од „Олд Трафорд“, се подготвени уште еднаш да вложат голема сума пати за да го засилат тимот. Тен Хаг има многу играчи на ум, но нема да биде лесно да се дојде до нив. Некои не сакаат да бидат во тим кој не игра во Лигата на шампионите, еден од нив е и Френки де Јонг.
Играчот од средниот ред на Барселона е една од главните желби на менаџерот на Јунајтед. Тен Хаг лично му се јавил својот поранешен играч на Ајакс, но Де Јонг ја одбил понудата.
Де Јонг му рекол на менаџерот на Јунајтед дека нема намера да ја напушти Барселона, особено не поради тим кој не игра во Лигата на шампионите.
Сепак, Хаг нема намера да се откаже. Тој го запознал Де Јонг со проектот што планира да го спроведе на „Олд Трафорд“ и има намера да има уште неколку интервјуа со него за да го убеди да дојде во Јунајтед.
Барселона, од друга страна, наводно е подготвена да го продаде 25-годишниот фудбалер. За неговите услуги бараат меѓу 80 и 85 милиони евра, но засега Холанѓанецот е многу поблиску до останување на „Ноу Камп“.