Френки Де Јонг (27), фудбалер на Барселона и на холандската репрезентација со 54 настапи за националниот тим, поради повреда на скочниот зглоб нема да игра на ЕП. Ова го соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија на само шест дена пред првиот натпревар на ЕП што „Орање“ го игра против Полска.
Причината е што Де Јонг има проблеми со повреди, поточно со скочниот зглоб. Не се појави ниту на последниот тест пред дуелот со Исланд (4:0).
Селекторот Роналд Куман се надеваше дека тој ќе биде подготвен, дури беше подготвен и Де Јонг да ги пропушти првите две средби во групата но тоа нема да се случи.
Де Јонг го повреди зглобот на почетокот на март и оттогаш одигра само три натпревари. Најважните за Барселона, против ПСЖ во четвртфиналето на Лигата на шампионите и клучниот Ел Класико против Реал.