Top Sport

Де Јонг: Медиумите претеруваат со кризата во Барселона, не е толку лошо

Френки де Јонг вели дека самиот е најголем критичар на неговите перформанси и признава дека Барселона мора да игра многу подобро, но смета дека сегашната „криза“ во каталонскиот гигант е премногу потенцирана во шпанските медиуми.

Пред репрезентативните настапи со Холандија, тој доби прашање за ситуацијата во Барселона и иднината на тренерот и поранешен холандски селектор, Роналд Куман.

„Мислам дека медиумите претеруваат, не сме во голема криза. Резултатите се лоши, тоа не можеме да го игнорираме. Но, може да се забележи негативни чувства околу клубот, поради големината која ја носи името Барселона. Секако, ние сме разочарани, но не сме во депресија. Сепак, многу е претерано да се каже дека сезоната е отпишана. Немаме толку помалку поени од Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, а има уште многу да се игра“, вели 24-годишниот Де Јонг.

Scroll to Top