Top Sport

Реал и ПСЖ во нова војна на зборови – Леонардо го обвини Перез за непочитување

Спортскиот директор на Пари Сен-Жермен, Леонардо во интервју за францускиот спортски весник „Л’Екип“ изјави дека клубот мора да реагира на однесувањето на Реал Мадрид и нивниот претседател Флорентино Перез околу постојаните изјави за потенцијалното пристигнување на Килијан Мбапе.

„Ова е уште еден доказ за недостатокот на почит кон ПСЖ и кон самиот Килијан Мбапе. Во една недела играч на Реал Мадрид, Карим Бензема, тренерот на Реал Мадрид и претседателот на Реал Мадрид зборуваат за Килијан како да е нивни играч. Флорентино веќе се обрати и на навивачите. Повторувам, ова е недостаток на почитување кое не можеме да го толерираме“, вели Леонардо.

Перез претходно изјави дека во „јануари ќе имаме вести за Мбапе“, најавувајќи го 1 јануари како клучен датум. Но, подоцна Перез изјави дека неговите зборови биле извадени од контекст.

„Погрешно ме протолкуваа. Кажав дека ќе треба да почекаме до следната година да дознаеме, секогаш со почит кон ПСЖ со кои имаме добри односи“, објасни Перез.

Меѓутоа, Леонардо вели дека работите не се менуваат.

„Потсетувам дека преодниот рок е завршен и дека има сезона во тек. Има мечеви и Мадрид не можат да продолжат да се однесуваат на каков начин. Ова мора да сопре. Мбапе е играч на ПСЖ“, додава Леонардо.

Scroll to Top