Top Sport

Де Јонг: Не можам да ви кажам што се случуваше летово, но никогаш не сакав да заминам од Барса

Френки де Јонг признава дека во текот на летниот преоден рок се случувале „многу работи“, но посочува дека во ниту еден момент не планирал да ја напушти Барселона и покрај огромниот интерес на Манчестер јунајтед и Челси.

Барселона беа подготвени да го пуштат Де Јонг да замине поради финансиските проблеми и неговата висока плата, откако Јунајтед беа подготвени да платат 85 милиони евра за него. По ова следуваше необичниот притисок од страна на Барселона, која посочи дека договорот на Де Јонг, потпишан под претходниот претседател на клубот, Жосеп Марија Бартомеу е „нелегален“ како и барањето за нови услови во договорот.

„Секако, сега е потивко отколку за време на преодниот рок, но за мене, секогаш беше јасно што сакав. Затоа останав смирен. Имаше многу шпекулации, а се случија и многу работи. Не можам во детали за тоа што се случуваше. Знаете, понекогаш клубот има поинакви планови од моите. Понекогаш тие се судираат, но во основа, никогаш немав проблем. Секако, ова беше поинаков преоден рок, но од почеток знаев што сакам. Сакав да останам во Барселона и моето мислење не се смени, вели Де Јонг за „ЕСПН“.

Scroll to Top