Top Sport

Сер Алекс Фергусон заработил 12.2 милиони фунти минатата година!

Иако веќе девет години не е на чело на Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон има годишна заработувачка како доброплатен фудбалер од Премиерлигата, тврди таблоидот „Сан“, додавајќи дека Шкотланѓанецот само лани заработил 12.2 милиони фунти.

80-годишниот Фергусон, кој имаше 26 години на „Олд Трафорд“, уште е амбасадор на клубот, позиција која му носи заработувачка од 2 милиони фунти годишно за 20 дена работа во текот на годината. Вредноста на неговите лични компании скокнала на фантастични 40 милиони фунти, со приходите од втората автобиографија „Мојата автобиографија“ за периодот од 2000 до 2013 година, а Ферги заработува и 100.000 фунти годишно од мотивациски говори.

Не е лошо за пензионер.

Scroll to Top