Френки де Јонг одговори на шпекулациите кои ги поврзуваат со транфер во Манчестер јунајтед, јасно посочувајќи дека не сака да го напушти својот „клуб од соништата“, Барселона.
25-годишниот Де Јонг пристигна на „Ноу Камп“ од Ајакс за 75 милиони евра во 2019 година и стана клучен член на Блауграна со 139 одиграни натпревари и има договор до 2026 година, но постојат шпекулации дека клубот би се решил на продажба ако дојде вистинска понуда во обид да ги намалат трошоците за плати. Јунајтед се први фаворити за ваков договор, посебно бидејќи поранешниот тренер на Де Јонг од Ајакс, Ерик Тен Хаг е на кормилото на клубот, но Холанѓанецот вели дека не размислува за трансфер.
„Повеќе би сакал да останам во Барселона. Барселона е мојот клуб од соништата. Од моето детство го кажувам тоа и во ниту еден момент не зажалив за изборот и покрај тоа што се надевав на поголем успех досега“, вели Де Јонг за „ЕСПН“.
Тој додава дека немал контакт со својот поранешен тренер, Тен Хаг.
„Нема никаков договор, ниту контакт со други клубови“, додава Де Јонг.