Top Sport

Лукаку не престана да сонува за враќање во Интер

Иднината на Ромелу Лукаку во Челси изгледа многу неизвесна, откако тој ги овластил своите адвокати денеска да преговараат со неговиот поранешен клуб Интер за потенцијално враќање во Милано по тешката повратничка сезона во Лондон.

Сезоната беше одбележана со недозволено интервју за италијанските медиуми и неподготвеноста на менаџерот Томас Тухел да ја модифицира својата стратегија за да ги исполни најголемите сили на 29-годишниот Белгиец, како и постојаната желба да се зборува за „убавите денови“ во Интер.

Според италијанските медиуми, првиот услов за можно враќање е намалување барем на половина на платата од 325.000 фунти која му ја дава Челси, но и големата сума која ќе ја бара англискиот клуб за позајмица – од 12 до 24 милиони евра.

Дополнителна неизвесност за можниот трансфер претставува и новиот газда на клубот, Американецот Тод Бели кој го откупи клубот од Роман Абрамович, но се верува дека „сините“ се подготвени да се „ослободат“ од Тимо Вернер, Хаким Зијеш, а можеби и Лукаку, со интерес да ги донесат Кристофер Нкунку и Роберт Левандовски на „Стемфорд Бриџ“

 

Scroll to Top