Фудбалерот на Барселона и на репрезентацијата на Холандија, Френки де Јонг, повтори дека не сака да ја продолжи кариерата во Манчестер јунајтед, пренесуваат британските медиуми.
Барселона и Манчестер Јунајтед се договорија за трансферот на холандскиот фудбалер, кој одби да го напушти тимот на „Ноу Камп“.
Англискиот клуб се согласи да плати 85 милиони евра обесштетување. Британските медиуми пишуваат дека Барселона мора да „жртвува и продаде важен играч“ за да ја подобри финансиската состојба на клубот, а изборот паднал на холандскиот фудбалер.
Де Јонг е голема желба на менаџерот на англискиот клуб Ерик тен Хаг.
„Мојата желба е да останам во Барселона. Тоа јасно го кажав неколку пати“, изјави Де Јонг.
Британските медиуми тврдат дека холандскиот фудбалер одбива да премине во Манчестер јунајтед, бидејќи клубот од „Олд Трафорд“ ќе игра во Лигата на Европа, додека Де Јонг го интересира само Лигата на шампионите.