Top Sport

Де Јонг: Во Барселона сите фудбалери мора да се адаптираат на Меси

Лионел Меси останува најдобриот фудбалер на светот и неговите соиграчи во Барселона мора да се адаптираат на неговата улога во клубот за да има успех, признава Френки де Јонг.

Освојувачот на шест „Златни топки“ уште не е целосно адаптиран во 4-2-3-1 системот на Роналд Куман и нема постигнато гол од игра во шест меча оваа сезона, а исто така има креирано само една шанса во споредба со Ансу Фати, кој има пет гола и една асистенција. Де Јонг, кој има поголема улога под Куман, вели дека соиграчите мораат да се адаптираат на Меси.

„Кога го имате Меси во вашиот тим, секако, го имате најдобриот фудбалер на светот. Се обидувате да го поставите во позиција во која може да биде клучен и мислам дека сите ние треба да се адаптираме. Кога ќе ја добие топката во позиција каде што може да направи разлика, секогаш ќе го направи тоа“, вели Де Јонг.

Самиот Холанѓанец се мачеше минатата сезона на „Ноу Камп“, но оваа сезона игра на својата омилена позиција покрај Серхио Бускетс.

Scroll to Top