Top Sport

Директорот на стадионот во Ростов отпуштен поради „еротска фотосесија“

Павел Гавриков, директорот на „Ростов арената“, еден од стадионите кои беа домаќини на Светското првенство во 2018 година, добил отказ откако дозволил на трибините да се организира „еротска фотосесија“.

Гавриков склучил договор со локална компанија за рекламна фотосесија, во која се тврдело дека моделите ќе носат костими за капење, но откако добиле дозвола тие се фотографирале во еротска долна облека на трибините и на теренот.

Ова предизвикало скандал кај локалната власт во Ростов, која веднаш го отпуштила Гавриков.

Scroll to Top