Top Sport

Де Кетеларе дебитираше за Милан против Виченца, Наполи и Вилјареал во „жестока“ пријателска

Новата надеж на Милан, Шарл де Кетеларе дебитираше за „росонерите“ при убедливата 6:1 победа над Виченца, но во клубот се загрижени од повредата на Сандро Тонали. Од друга страна, Наполи и Еспањол одиграа пријателски меч без голови, но со многу темперамент.

21-годишниот Белгиец влезе во игра во последните 15 минути од мечот, играјќи на позицијата на „треквартиста“ зад напаѓачите. Виченца ги изненади фаворитите по само 19 секунди со голот на Ролфини, но оттогаш Милан ја покажа силата. Рафаел Леао и Жуниор Месијас донесоа водство за Милан, Анте Ребиќ зголеми на 3:1, по што Далмонте си постигна автогол за 4:1. Фикајо Томори и Ребиќ во второто полувреме ги поставија конечните 6:1.

Наполи пак, имаше бурно реми против Еспањол, во кое дури и претседателот на клубот, Аурелио де Лаурентис, кој седеше до тренерот Лучано Спалети, се бунеше до судијата. Виктор Осимен од Наполи и Серхи Гомез од Еспањол дури влегоа во физичка пресметка.

Scroll to Top