Шарл де Кетеларе минатата година пристигна во Милан за 35 милиони евра по трансферот од Клуб Бриж, но белгискиот офанзивен играч за врска не ги оправда очекувањата.
Тренерот Стефано Пиоли не го гледа во главна улога во својот тим, па Де Кетелаере би можел да го напушти „Сан Сиро“.
ПСВ Ајндховен сака да го доведе, но Белгиецот ја одби понудата на холандскиот клуб, пишуваат италијанските медиуми.
Договорот на Де Кетеларе со Милан е до 2027 година.