Foto/ EPA
Победата на Шпанија од 3:1 над Грузија во последниот натпревар во квалификациите за пласман на ЕП, со која „црвентата фурија“ го обезбеди првото место во групата, мина во сенка на тешката повреда на 19. годишниот Гави.
Гави ги скина вкрстените лигаменти и ќе отсуствува до крајот на сезоната и ќе го пропушти ЕП во Германија. Младиот играч за врска цело време плачеше, а атмосферата во соблекувалната на репрезентацијата беше морничава. Ова го потврди селекторот Луис де ла Фуенте.
„Во соблекувалната атмосферата е како да сме загубиле. Уништени сме, повредата на Гави е сериозна и ова е тежок момент за сите нас. Тоа беше несреќа, но Гави беше совршено подготвен за игра, како и сите други играчи.“
Во Барселона, секако, се бесни на селекторот Де ла Фуенте. Тие сметаат дека Гави воопшто не требало да игра на овој натпревар.