Top Sport

Де Лаурентис бара одложување на репрезентативните натпревари

Контроверзниот претседател на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, побарал од УЕФА да ги одложи репрезентативните натпревари кои треба да се одиграат наредниот месец.

Де Лаурентис бил загрижен пред претстојната репрезентативна пауза, бидејќи многу фудбалери ќе патуваат по светот, што може да доведе до ширење на коронавирусот.

Поради тоа Де Лаурентис побарал од челниците на УЕФА да го разгледаат неговиот предлог.

Италијанските медиуми шпекулираат дека Де Лаурентис веќе имал поддршка од неколку свои колеги.

Scroll to Top