Top Sport

Де Лаурентис го носи најскапото засилување во историјата на Наполи

Виктор Осимхен е на чекор до трансфер од француски Лил во италијански Наполи, со што би станал најскапо засилување во историјата на калчолигашот.

Угледниот италијански новинар, Фабрицио Романо објави дека 21-годишниот Осимхен сигурно доаѓа во Неапол, а негова замена во францускиот клуб ќе биде Бурак Јилмаз од Бешикташ.

Николо Чира, исто така е еден од најреспектабилните италијански новинари кога се во прашање трансферите. Тој тврди дека претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис за Осимхен ќе плати 50 милиони евра плус 10 милиони низ бонуси.

Новинарот тврди дека нигеријскиот напаѓач ќе потпише договор до 2025 година и годишно ќе заработува по 3.5 милиони евра.

Најскапото засилување во историјата на клубот е Гонзало Игуаин кој во 2013 година дојде од Реал Мадрид за 39 милиони евра.

Осимхен сезонава одигра 38 меча за Лил, постигна 18 гола и имаше 6 асистенции.

Scroll to Top