Top Sport

Клоп: Лампард мора уште многу да научи

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп денеска рече дека неговиот колегата од клупата на Челси, Френк Лампард мора уште многу да учи откако тренерот на „сините“ истакна дека „црвените“ се арогантни по освојувањето на титулата во Премиерлигата.

По завчерашниот меч меѓу овие два клуба кој му припадна на шампионот со 5-3, Лампард влезе во расправија со помошниот тренер на Ливерпул, паднаа и пцовки. Тогаш Лампард рече дека „ако ја освоиле ПЛ, не треба да се арогантни“.
Тоа не му се допадна на Клоп.

„Не можеш такво нешто да ми кажеш мене и на луѓето на мојата клупа затоа што ние не сме арогантни. Френк беше многу натпреварувачки настроен и јас тоа многу го почитувам. Мислам дека во такви ситуации можеш да кажеш речиси се што ќе посакаш. Но по мечот, тоа завршува. Она што мора да го научи е да заврши со тоа по крајот на мечот, но тој тоа не го направи“ рече Клоп.

Клоп потенцира дека не е во ред да се зборува со таков речник по завршување на мечот.

„Френк мора тоа да го научи, а има многу време да научи затоа што е млад тренер. Не сме арогантни, ние сме спротивно од тоа“ – вели Клоп.

Денеска Лампард се извини за своето однесување, но не и за страстите кои ги покажа.

Scroll to Top